Доаѓаат нови воздушни перничиња – се вртат околу главата при удар (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Втората генерација на Асurа TLX ќе биде опремена со нов тип на воздушни перничиња за совозачот, кои при активирање ќе ја покријат главата и нема да дозволи да се удри во таблата или во страничниот дел од покривот.

Во подоцнежната фаза од развојот ќе почне да се монтира и на моделите на Honda.

Новите воздушни перничиња имаат форма на безбол ракавица. Располагаат со три одделни камери, при што двете странични камери ја насочуваат главата на патникот кон средниот дел и не дозволуваат да се удри на страна под дејство на силите од ударот.

Новата генерација на Асurа TLX (американската верзија на Hоndа Ассоrd) ќе се нуди со вкупно осум воздушни перничиња. Меѓу нив освен фонтални, странични и воздушни перничиња за колена има и странични за надувување со сензори за превртување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK