Bosch најавува: Заборавете на клучеви – сѐ ќе правите со телефон

ОБЈАВЕНО НА:

Технолошкиот гигант Bosch најави дека за време на меѓународниот саем во Франкфурт ќе го претстави за прв пат иновативниот систем Perfectly Keyless која има потенцијал да го замени сега стандардниот контактен клуч што се користи во автомобилите. Станува збор за модерно решение со кое полесно се заклучува и отклучува возилото, и може да послужи и како клуч за стартување.

Системот Perfectly Keyless на Bosch става крај на потребата возачот да вади или дури и да го носи клучот за палење или картичка, а целата операција за отклучување и заклучување на автомобилот се врши целосно автоматски со помош на мобилниот телефон на сопственикот.

Perfectly Keyless користи модул за скенирање, што е во состојба да регистрира присуството на телефонот во радиус до два метри од возилото и во зависност од локација да го отклучи или заклучи возилото. При притискање на копчето за стартување на моторот, системот го скенира ентериерот на автомобилот за присуство на мобилниот уред и потоа моторот се вклучува.

Perfectly Keyless му овозможува на сопственикот на возилото да обезбеди “клуч” за употреба на возилото и на други лица.

Друга интересна новина кај системот Perfectly Keyless е можноста за зачувување на основните поставувања, вклучувајќи ја позиција на седиштето, управувачот и страничните ретровизори, конфигурација на аудио, параметри на амортизацијата на возилото и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK