BMW i со првиот индукциски систем за полнење електромобили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

BMW Group успеа да го запише името во автомобилската историја и тоа со помош на подбрендот BMW i. Ова се случи бидејќи BMW Group стана првата компанија во светот, која нуди фабрички систем за индукциско полнење на електричните автомобили.

Производството на системот BMW Wireless Charging, кој е дел од стратешкиот план за развој на гигантот NUMBER ONE > NEXТ, почнува во јули годинава, а инсталацијата може да биде порачана на лизинг со моделот 530e iPerformance.

Системот за индукциско полнење ќе може да се порачува прво во Германија, а потоа во брзо време се очекува да биде достапен и за клиентите во Велика Британија, САД, Јапонија и Кина.

Системот BMW Wireless Charging е наменет за употреба во затворени гаражи, но и на отворено, а процесот на полнење на батеријата на електричниот автомобил е автоматски и почнува во моментот во кој таа се позиционира над специјална подлога (GroundPad).

Од компанијата велат дека полнењето на батеријата на 530e iPerformance може да биде направено за три ипол часа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK