Без паника: BMW нема да прави возила без волан и педали

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија се наоѓа на почетокот на техонолошко натпреварување и се очекуваат многу новитети, а меѓу нив се и создавањето на возила коишто ќе се движат сами без помош на човекот. Сепак, компаниите уште не смеат да отидат дотаму што ќе дозволат човекот да нема никаква улога, па оттаму се вели дека во BMW нема да бидат правени автономни возила коишто ќе бидат без волан и педали.

Компанијата BMW несомнено е една од лидерите во натпреварот меѓу техонологиите, но дефинитивно тие се меѓу последните во однос на идејата во автомобилите да нема волан и педали.

Тоа беше потврдено во едно интервју на претставник на компанијата.

„Целата причина поради која BMW постои и понатаму како бренд е тоа што клиентите ги индивидуализираат сите продукти и тие одат со емоционална привлечност. Клучот кон успехот во иднина е во тоа што треба да продолжиме да возиме како одделни индивидуи. Притоа мислам дека можеме да кажеме дека ако еден BMW модел може да се управува самостојно, тој, сепак, ќе има и волан и клиентот ќе има право на избор. Ние нема да развиваме автомобил во кој ќе нема педали и волан“, велат од BMW.

Сепак, ова нема да биде практика и кај другите производители со оглед на тоа што тие размислуваат поинаку. Во Volkswagen на пример го имаат концептот I. D. Vizzion, кој нема ниту педали, ниту волан.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK