Audi quattro го празнува 40. роденден (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Брендот Audi влезе во историјата со својата специјална интерпретација на концептот за погон 4х4. За 40. роденден на Audi quattro ќе има и многу случувања низ цела Европа.

Историјата на успехот почна во март во 1980 година на автомобилскиот саем во Женева. Таму брендот со четири прстени предизвика сензација во погонот на сите тркала кај спортското купе. Првпат Audi quattro го претстави високомоќниот автомобил со погон на сите тркала, концептот на погон кој дотогаш се користеше само во камиони и џипови.

Инженерите ја имале идејата за тестови на такви погодини во зимата 1976/77, а го правеле со VW Iltis автомобилот развиен од Audi. Одличното снаоѓање на мраз и снег доведува до фактот дека концептот Iltis е вграден во стандардното Audi 80.

Резулатот е спортското купе Audi, наречено quattro. Варијантата на 2,2-литарскиот петцилиндричен турбо мотор, кој беше претставен во 1979 година ја зголемува моќноста до 147 кВт/200 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK