Audi и Airbus ќе тестираат летечко такси во Инглоштад

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi заедно со француската компанија Airbus планираат да започнат да тестираат летачко такси. За таа цел двете компании потпишаа заедничко писмо до германската Влада во кое бараат дозвола за почеток на тестирањето кое би се извршувало во баварскиот град Инглоштад.

“Летечките такси возила повеќе не се визија и тие може да не однесат во новата димензија на мобилноста” изјави германскиот министер за транспорт Андреас Шојер кој исто така е директно вклучен во овој проект. Тој додаде дека ова е идеална можност за вклучување на компаниите и младите старт ап бизниси во развојот на оваа технологија.

Заедничкиот продукт на Audi и Airbus именуван како Pop.Up Next беше премиерно претставен на овогодинешниот саем за автомобили во Женева. Ова возило кое во основата е квадкоптер користи електричен мотор и напредна технологија за автономно возење на повеќе нивоа.

Со оглед на тоа што ова се речиси први тестирања од овој вид на европско копно, нивната експлоатација за транспорт би чинела многу повеќе отколку другиот, традиционален начин на транспорт, токму поради ангажирањето на голем обем на ресурси за креирањето и тестирањето на технологијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK