Audi го претвора возилото во кино сала

ОБЈАВЕНО НА:

На својот штанд во Конгресниот центар во Лас Вегас (за време на изложбата CES 2019) германскиот концерн Audi ќе покаже како современите дигитални технологии за забава можат да го претворат патувањето со автомобил во исклучително доживување.

Идните модели на Audi ќе се одликуваат со извонредна комуникациска поврзаност, која создава одлична основа и обезбедува простор за ослободување на потенцијалот на дигиталната технологија за забава.

Од друга страна, благодарение на технологиите за пилотско возење, патниците во автомобилите во иднина ќе располагаат со доволно „слободно“ време, кое можат да го минат во друштво на следната генерација на системи за автомобилски ентузијасти, на пример.

На изложбата CES Audi ќе пратстави најсовремени концепции, со кои ќе покаже како возењето може да се претвори во забавно патување. Во Лас Вегас брендот ќе демонстрира сосема нов формат, кој навистина ќе го претвори патувањето во забава.

Другата нова технологија, наречена „Audi Immersive In-Car Entertainment” се грижи за забавата на сите во автомобилот, кога тој е неподвижен. Тоа дава можност на возачот и неговите сопатници да се насладуваат на холивудските кино хитови и мултимедиски содржини на стриминг платформите и да се почувствуваат како гледачи во новата генерација на кино сали за автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK