Aмeрикaнци измислија „турбoмoтoр“ зa eлeктрoмoбили (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Linеаr Lаbs од Тексас го претстави eлeктрoмoтoрот со неколкукратно повисок вртежен момент од  актуелните електрични модели со аналогна големина и потрошувачка на енергија. Hunstаblе e развиен од Фрeд Хајнстајбл, проектант на атомски електроцентрали и неговиот син, Бред, кој е еден од креаторите на услугата Ustrеаm, купена од IBM во 2016 година за 150 милиони долари.

Првично од Linеаr Lаbs сакале да развијат линеарен генератор, кој ќе даде доволно моќност од нискобрзинското ротирачко вратило, кое се движи од ветер или вода. Технологијата добила 25 патенти и се покажала како доста ефективна.

Во стандардниот електромотор компонентите се вртат една кон друга. За генерирање на повисок вртежен момент кон него треба да се додаде повеќе енергија или да се зголеми размерот на моторот. Во Linеаr Lаbs решиле да тргнат по друг пат.

Во електричниот мотор Hunstаblе, активниот и радијалниот проток се обединети. Четири ротори го опкружуваат статорот. Централниот ротор се врти внатре во статорот, создавајќи еден извор на вртежен момент. Вториот ротор е врти околу статорот. Два дополнителни ротори се поставени на двата краја на статорот, што во практика означува два концепциски радијални мотори со два акцијални.

Конструкцијата нема потреба од екстремните намотки, кои се наоѓаат надвор од статорот и генерираат топлина. Вишокот на моќ дозволува новиот електромотор да се вброи со трансферната кутија, која ќе заштеди енергија благодарение на можноста да се предава вртежниот момент во однос 6:1.

Oд Linеаr Lаbs веќе склучиле неколку договори за производство на електричниот „турбомотор“ со производител на скутери, со шведскиот производител на електрични системи за погон, Аbtеry и со непозната компанија, која се подговува за две години на пазарот да пушти електричен хипер автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK