Ако се решите да ја следите модата: Ова се најдобрите електрични модели што доаѓаат (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Електричните автомобили полека, но сигурно си го добиваат своето место на пазарот и со секој нов ден стануваат сè позначајни. На пазарот годинава се најдоа веќе 90.000 модели што е голема разлика од само 3500 колку што имаше во 2013 година.

Поголемиот дел од оние коишто годинава се појавија во продажба се хибриди на приклучок и не се во целост возила на струја, но сето ова зборува дека времињата се менуваат. Сега производителите сакаат да го зголемат производството и да лансираат уште повеќе електрични автомобили, а се чини дека 2017 година ќе биде најдобра во однос на новитетите, па затоа направивме преглед на најдобрите модели кои ќе се појават во следните години.

Audi E-Tron quattro
E-Tron е посебно стилизиран концепт и апсолутен хит на сите изложби на автомобили во последните неколку години, а во 2018 година тој конечно ќе се најде на пазарот. Директниот ривал на Tesla има домет од речиси 500 километри со едно полнење на батеријата, а неговиот атрактивен дизајн посебно ќе ги привлече оние кои ги сакаат луксузните модели.

Jaguar I-Pace
Автомобилот кој дефинитивно ги поместува границите е електричниот теренец Jaguar I-Pace со мотор од 400 коњски сили. Неговиот домет исто така оди околу 500 километри, а може да се полни и на стандардни полначи.

Porsche Mission E
Tesla Model S наскоро ќе добие директна конкуренција! Овој Porsche модел со четири врата и четири седишта првпат беше изложен во 2015 година, а продажбата е закажана да почне во 2020 година. Овој електричен модел на пазарот ќе понуди нов систем на полнење со кој за 15 минути батеријата ќе се полни до неверојатни 80 проценти.

Skoda Vision E
И Skoda има свој коњ за трка. Model Vision E ќе биде првиот електронски автомобил од овој произведувач, а до 2025 година четвртина од нивните возила ќе бидат на електричен погон. Овој модел ќе има неколку различни приклучоци за полнење, а планирано е да има пет седишта.

Volkswagen ID Crozz
Volksvagen планира да влезе во трка за најдобар електричен автомобили, а на ум имаат исфрлање на пазарот на Volkswagen ID Crozz, теренец кросовер со четири врати. Овој луксузен модел ќе донесе бројни иновации, кога е во прашање изгледот, а не треба да се заборави ниту на клима уредот кој го прочистува воздухот без оглед на количината на загаденоста која доаѓа од околните возила во сообраќајот.

Volvo XC40 Electric
До 2019 година Volvo планира да го исфрли на пазарот својот прв автомобил на струја и ќе биде веројатно најсигурниот електричен модел на пазарот. Планирано е XC40 да изгледа како мал теренски модел.