ADAC го пофали новиот систем за безбедно предупредување за опасности

ОБЈАВЕНО НА:

Дали возењето станува побезбедно со новата технологија C2X („комуникација од автомобил до автомобил и инфраструктурата“). Таа треба да ги пeрдупрeдува патниците во автомобилите за опасности и според ситуацијата, со цел да се спречат несреќи однапред. ADAC веќе ја тестира врз основа на осум различни реални опасни ситуации.

Резултатот според ADAC е дека новата технологија со сигурност предупредува за опасности како визуелно така и акустично. Експертите на ADAC даваат висока оценка за зголемувањето на безбедноста со помош на тестираниот систем.

Новата технологија се заснова на фактот дека автомобилот ги „известува“ преку радио другите учесници во сообраќајот во зоната на опасни ситуации. За време на тестовите на ADAC системот, кој е инсталиран стандардно во Golf 8 за првпат, ги предупреди другите автомобили на стотици метри, пред да се стигне до пречката, акустично и визуелно за автомобил кој поради дефект запрел на патот.

Јасно е дека не само при сериозно навлегување на системот во возниот парк има опипливо влијание врз подобрувањето на безбедноста во движењето. Затоа е исклучително важно сите производители брзо да постигнат согласност за еден стандард за да ја маскимизираат употребата на оваа нова технологија.