Таа млада и убава, тој речиси 15 години постар и на четири тркала (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

За едно од најпопуларните возила во некогашна Југославија, добро познатото „фиќо“ и понатаму има голем број на приказни, а некогаш ова беше и многу вреден мираз. Сепак, со оглед на тоа што времињата се менуваат „фиќо“ стана вистински раритет, па оттаму Емилија Тодоровиќ од Ужице во идниот брак ќе внесе многу голема вредност. Таа е вистинска атракција со својот жолт убавец.

Емилија, која има 28 години, вели дека и требало доста време од автоматски да се префрли на рачен менувач, но и дека сега ова возило не би го менувала ниту за еден друг модерен автомобил.

„Ми требаше многу трпение, а особено на мојот татко кој се возеше со мене и одговараше на сите мои прашања. Сега толку многу се навикнав што не знам дали би можела да возам некој понов автомобил“, вели Тодоровиќ.

Падна и понуда за брак

Таа вели дека нејзините сограѓани имаат само пофални зборови, а поради возењето на овој автомобил неодамна падна и една необична понуда за брак.

„Бев на семафор, но морав малку да се вратам во рикверц бидејќи се изгаси зленеото светло за мојот правец, а потоа ми пријде еден господин, претпоставувам дека му е необично млада жена да вози фиќо и уште без грешка да уфрли во рикверц бидејќи на овој жолтко е малку посложена работа и потоа од сред улица извика – Омажи се за мене“!

Фиќо

Девојка од Ужице, Емилија Тодоровиќ која има 28 години вози фиќо кое е старо 42 години и вели дека повеќе тешко некој да ја убеди да седне зад воланот на некој модерен автомобил. И било тешко да се префрли од автоматски на рачен менувач, но сега е вљубена во возилото кое го купил нејзиниот дедо.

Во семејството од 1979 година

Овој автомобил има веќе 42 години. Во семејството Тодоровиќ стигнал ненандејно и како секоја принова имал посебен третман и поради тоа уште е во добра состојба.

„Во нашата куќа пристигна во 1979 година бидејќи на моето семејство му беше неопходен автомобил. Нарачавме „лада 1600“, но во тоа време се чекаше долго автомобилот да пристигне кај нас. Нас многу ни беше потребен автомобилот, па татко ми отиде во Севојно и зема фиќо, но се погоди така што и ладата пристигна во брзо време. Татко ми главно го возеше поголемиот автомобил, а јас како и многумината млади тогаш фиќото и она што е најважно во зима никогаш не е возено туку секогаш паркирано во гаража“, вели таткото на Емилија, Предраг Тодоровиќ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK