Супер воз во Јапонија, „лета“ со 360 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Летните олимписки игри во 2020 година ќе се одржат во Токио, а Јапонците се подготвуваат да бидат одлични домаќини. За таа цел веќе имаат подготвено нова генерација „Синкасен“ односно нова генерација на возот N700S (Supreme). Разликата од неговиот претходник ќе биде во револуционерниот дизајн односно во предницата која наликува на автомобил со изразени предни браници кои ќе помогнат во подобрувањето на аеродинамиката.

Интересно е тоа што возот е пократок од постојаните верзии и има 12 место 16 вагони. Притоа создавачите ветуваат повисоко ниво на комоција и гарантираат дека N700S (Supreme) е потивок и поекономичен од претходникот.

Современите линии се со брзина од 260 км/ч. Има и траси, кои се модернизирани со брзина до 285, 300 и 320 км/ч.

Во светот сега има само четири линии каде такви возови се движат со брзина од 320 км/ч. Една од нив е јапонската “Тохоку-Синкансен”. До 2020 година се планира уште поголемо зголемување на брзината и тоа до 360 км/ч.

Синкансен е високобрзинска мрежа на пруги во Јапонија, која е предвидена за превоз на патници меѓу големите градови. Првата линија од 17 станици е со должина од 515 километри меѓу Осака и Токио. Пуштена е официјално во есента во 1964 година за Летните олимписки игри, а тоа растојание „возот-стрела“ го минуаше за 2,5 часа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK