Стари искинати седишта се продаваат за 90.000 долари: Важни се поради еден факт

ОБЈАВЕНО НА:

Стари се 68 години, целосно се скинати а се продаваат за 90.000 долари. Зошто би ги купиле кога за истите пари би можеле да си дозволите ново луксузно возило. Причината за високата цена е што тоа се првите седишта некогаш направени за Chevrlet Corvette.

Првобитно биле вградени во проектот од 1952 година, односно тн. Cougar како една од првите интеракции за Chevrolet Corvette какви што денеска ги знаеме. Тоа бил еден од петте претпродукциски модели на Corvette што дебитирал на изложбата на GM Motorama одржана во 1953 година во Њујорк, каде е одржана и премиерата на Шевролен Корвета.

Препозналивите црвени седишта можат да с евидат на оригиналните снимки од салонот на автомобили во Чикаго до 1953 година.

Автомобилот патувал низ САД како дел од „Парадата на прогресот“ на GM, пред да дојде во фабрика на Chevrolet во Мичиген во јуни 1953 година, каде некои делови се заменети, а оригиналните седишта се извадени од возилото. Како еден од трите покренати прототип за Corvette , автомобилот го придвижувал мотор на Chevrolet кој можел да произведе 160 КС и најчесто се користел само за презентации.

За можните купувачи на историските седишта во огласот е наведена информација дека моментално се складирани во Индијана, а продавачот вели дека купувачите ќе добијат и документирана историја на сопственост.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK