Стаклата на новиот BMW ќе се затемнуваат автоматски? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW го подготвува електричниот СУВ iNext, кој следната година би требало да донесе неколку револуционерни функции. Една од нив е третото ниво на автономно возење (автомобилот управува сам, а возачот мора да биде внимателен и да ја преземе контролата кога тоа возилото ќе му го сугерира).

Сега се споменува и друг новитет, а тоа се стаклата кои автоматски ќе се затемнуваат или ќе го смалуваат затемнувањето зависно од позицијата на Сонцето, влегувањето во тунели… Технологијата ја разви Continental, a BMW е подготвен да ја искористи.

Таа ќе помогне во ефикасната работа на клима уредите, кои на тој начин ќе користат помалку енергија односно затемнуањето на стаклата температурата во кабината ќе биде одржувана под контрола.

Оваа технологија е присутна во автомобилите од 2017 година главно во стаклените отвори на крововите, но во BMW првпат требаше да биде дел од составот кој вклучува и контрола на работата на клима уредите.

Во стаклата на автомобилите се вградени посебни фолии кои имаат можност за промена на боите односно пропуштање на светлоста.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK