Спиел додека Tesla возела со автопилот при 130 км/ч, го разбудила полиција (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Злоупотребата на автономниот систем на автопилотот на Tesla стана зачестена тема во медиумите, а ова е уште еден случај каде што полицијата мораше да интервенира. Заменикот на реонот Кеноша (САД), Давид Гомез примил повик за Model 3 во кој на автопат се возело лице кое спиело. Откако успеал да го пронајде автомобилот кој се движи со 130 км/ч, продолжил да го следи автомобилот.

Повеќе од три километри му биле потребни на Гомез за да го разбуди возачот, а се наведува и дека „цело време го менувал тонот на сирените“. Дур откако втопат дошол во близина на автомобилот успеал да го разбуди возачот.

Лицето кое седело зад воланот има 38 години, а на полицаецот му рекол дека одел на работа во FedEx, додавајќи дека „не спиел и дека автопилотот бара од возачот повремено да ги стави рацете на воланот“. Заменикот Гомез наведува дека ова не е првпат да се случи нешто вакво. Автомобилот Teslа со оваа регистарска табличка веќе двапати бил запиран од иста причина.

Сепак, иако возачот не возел пребрзо добил казна од 187 долари поради невнимание при возење. Покрај тоа Model 3 е одвлечен бидејќи Гомез сметал дека возачот бил неспособен за натамошно управување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK