Зошто не треба да слушате гласно музика додека возите!

ОБЈАВЕНО НА:

Умереното слушање на музика за време на возењето е поудобно, но во исто време е и поекономично. Доколку звукот го пуштите на максимум, тогаш се ангажираат дополнителни 100 до 200 W сила на алтернаторот, кој се придвижува со коленестото вратило и притоа ја зголемува механичката отпорност и потрошувачката на гориво.

На потрошувачката влијаат сите потрошувачи со кои е оптоварен моторот. Познато е дека вклучен клима уред ја зголемува потрошувачката за 0,5 до 1 литар на 100 километри, слаба осветленост околу 0,1 до 0,2 литри на 100 киулометри, а исто толку и прегласна музика.

Причината е во моќноста од неколку стотици вати, која го зголемува отпорот на алтернаторот. Сите заедно може да ја зголемат потрошувачката за 20 проценти.

Совет: клима уредот, но и гласната музика треба да бидат подесени умерено. Возењето ќе биде поудобно, а потрошувачката пониска

Прегласната музика ја намалува и безбедноста при возењето бидејќи му пречи на возачот и го оневозможува да ги слушне звучните сигнали во сообраќајот.