Зошто не треба да се монтираат зимски гуми само на погонските тркала? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот при вртење во голема мера се потпира на сите четири тркала, па веќе при мало вртење со воланот возачот почнува да ја губи контролата.

Гласините велат дека би било добро, ако не можете да си ги дозволите сите четири зимски гуми, да ги ставите барем на погонските тркала. Така ќе ви дадат од 60 до 70 проценти подобар контакт и ќе биде полесно да се забрза и да се запре автомобилот. Сепак, веќе при првото вртење станува јасно зошто тоа не е добра идеја.

При вртење автомобилот почнува да се потпира на сите четири тркала, па така веќе при мало движење со волано, возачот почнува да ја губи контролата. Ако автомобилот е со преден погон дури и при мала брзина ќе се врти околу својата оска при влегување во свиок, во кружен тек или во слични ситуации.

Ако автомобилот има заден погон и се постават зимски гуми само на задните тркала движењето ќе биде полесно, но поради летните гуми на предните тркала ќе ја загубите можноста за избегнување на препреките. Откако ќе го погледнете видеото, лекцијата би требало да ви биде појасна, па ако купувате зимски гуми ставете ги на сите тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK