Зошто е важно да ја одржувате резервната гума?

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку во вашето возило постои опрема за репарација на гума место резервна гума можете да се соочите со друг вид на проблем.

Никогаш не се знае кога ќе бидете принудени да ја употребите резервната гума на вашиот автомобил. Со оглед на тоа што кај повеќето возила најчесто таа стои скриена во багажникот, нејзината состојба најчесто не му е позната на возачот.

Дури и ситуацијата кога резервната гума е монтирана од надворешната страна на багажникот, како што тоа е случај кај некои СУВ возилата големи се шансите ниту тогаш да не го добива вниманието кое го заслужува.
Секоја гума на возилото со тек на времето го губи притисокот со тоа што воздухот продира низ слојот на гумата (истото важи и за азотот кај гумите полнети со азот) предизвикувајќи притисокот во него паѓа.

Ако резервната гума со години стоела запоставена во багажникот, најверојатното сценарио е дека во добра мера се има издишано и со тоа не е во можност да го поднесе товарот и стресот кој возењето во ургентна ситуација и го наметнува. Едноставно, испумпана гума не е во состојба да поднесе иста тежина како и прописно напумпана гума.

Притисок во резервната гума

За разлика од четирите регуларни гуми, резервната гума вообичаено би требала да биде напумпан под поголем притисок додека нискиот притисок би можел да доведе до оштетување на тркалото. Дури и прописно напумпана резервна гума е привремено решение за растојание кое не е подолго од 150 километри, при бризини кои не поминуваат 80 км/ч.

При замена на сезонските гуми односно проверка на нивната избалансираност би било пожелно да побарате од вулканизерот да го проверите и притисокот во резервната гума и тоа барем двапати годишно.

Посебна грижа кај теренците

Кај СУВ возилата и кај камоните, каде што резервната гума е монтирана однадвор, долготрајното изложување на кал, сол, вода и снег може да предизвика корозија и дури да биде причина за отежнато симнување од надворешниот држач. Оттаму, периодична проверка, чистење и подмачкување би била пожелна практика за вадењето на резервната гума да би било полесно.

Исто така, доколку сте меѓу личностите кои во багажникот со себе возат и некои непотребни работи, имајте на ум дека не само што ќе морате да го испразните багажникот за да би стигнале до резервната гума и дигалката кои се наоѓаат под тој простор, туку ќе морте и да ослободите дополнителен простор за во него да ја сместите издиѓаната гума која сте ја замениле, а која по димензиите ја надминува резервната.

Што доколку немате резервна гума?

Доколку во вашето возило постои опрема за репарација на гума место резервна гума можете да се соочите со друг вид на проблем. Првенствено, заптивната смеса веројатно нема да биде во состојба да го затвори секој отвор во зависност од неговата положба и нивото на оштетување. Дополнително, оваа смеса има рок на траење, кој не е подолг од четири години од датумот на производство, па постои опасност дека може и нема да делува.

Иако резервната гума речиси никогаш не е предмет на проверка при редовен сервис на автомобилот, сепак, нејзиното превентивно одржување ќе се исплати во ситуација кога ќе ви затреба и најверојатно ќе ве спаси од други несакани трошоци и поправки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK