Знаете ли како се вози во тунел – во спротивно ќе добиете казна од 250 евра и одземање на возачката

ОБЈАВЕНО НА:

Со отворање на новиот дел од автопатот Скопје - Гевгелија има и неколку тунели, па ако патувате во тој регион тогаш сигурно знаете како треба да се однесувате.

Возењето низ тунел се разликува од возење на отворен пат. Тоа има свои законитости кои се зададени со динамиката на возење. Проблем со адаптација на окото на нивото на осветлување на тунелито при влез или при излез, одржување на прописно растојание од возилото напред, строго придржување на брзината на возењето, која во правило е пониска од ограничувањето на брзината на патот по кој возите).

Секој тунел, без оглед на тоа дали се вбројува во категоријата на кратки, средно долги или долги тунел е најавен со сообраќаен знак за опасност. Придржувајте се на прописно растојание. При излезот од тунелот повторно ставете ги наочарите за сонце доколку надвор е сончев ден. Не забрзувајте веднаш на излезот од тунелот. Прво очите нека ви се навикнат на поинтензивна светлина.

Ако сепак решите да направите некое недозволено движење треба да знаете дека така го загрозувате сопствениот живот, но и животите на другите учесници во сообраќајот.
Возачот кој се движи со возило низ тунел, не смее да го запира возилото во тунелот, ниту смее со возилото да врши полукружно свртување или движење наназад.

Ако бидете „фатени“ од полицијата з анешто вакво ќе ви бид еиздаден прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило од три до девет месеци, под услови и постапка утврдени со закон.

Возачот на моторно возило, е должен за време на движењето низ тунел да ги има запалени соборените светла за осветлување на патот. Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возачот кој постапува спротивно од ова.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK