Зимата е тука: Размислите за снегот пред да тргнете на пат!

ОБЈАВЕНО НА:

Не само патиштата, туку и превозните средства треба да се исчистени од снег во текот на зимата. Тоа треба да се направи внимателно бидејќи сензорите и камерите не работат сигурно кога се покриени со снег. Целиот автомобил треба да биде исчистен од снег и мраз пред возењето и тоа целосно. Како дополнување кон сите прозорци тука спаѓа и хаубата и покривот, во спротивно може да се загуби видливоста одеднаш за време на возењето. Експертите за безбедност на Dekra даваат преглед на најважните безбедносни мерки при возење во текот на зимата.

Зимски гуми – При зимски услови на патот автомобилите треба да се возат со зимски гуми. Од 2018 година новите гуми се сметаат за погодни за во зима само доколку носат зимски симбол „Планина со снегулка“. Постарите гуми, кои имаат само ознака М+Ѕ, се дозволени до септември во 2024 година. Гумите за сите сезони можат да одговараат на законските услови. За вистинска зимска употреба, сепак, специјалните зимски гуми се подобриот избор.

Длабочина на шарата – Според Dekra, доколку навистина сакате да возите безбедно во текот на зимата особено на патишта прекриени со снег имате потреба од повеќе профил и се препорачува баред 4,0 милиметри. За да проверите, поставете паричка од едно евро во профилот: тогаш очлигледно треба да се покрие повеќе од работ со златна боја. Меѓудругото, во многу земји со закон се бараат минимум 4,0 милиметри за зимски гуми, под кои не се смета дека се исполнува условот за зимски гуми.

Синџири за снег – Доколку возите на планина, треба да размислите за синџири за снег, се разбира такви кои одговараат на димензиите на гумите. Дефинитивно треба да се обидете да ги ставите синџирите дома. „Учењето со практика“ во снежна бура на планински премин може да биде не само досадно, туку и многу опасно. Важно: Доколку знакот „Гуми со синџири за снег на сина позадина“ е на патот, тогаш синџирите треба да се постават задолжително, а тогаш се применува ограничување на брзината од 50 км/ч.

Зимски додатоци – Стругалки за мраз, метлички за снег и фарови за магла не смеат да недостигаат во возилото во текот на зимата, ниту резервна зимска течност за бришачите. Не заборавајте и работни ракавици бидејќи смената на гумите или монтирањето на синџири едноставно е подобра со топли раце. Како дополнување, треба да се има и топло ќебе, во случај на оштетување или огромен метеж во сообраќајот. Во такви услови затоплувањето во автомобилот не може да работи бескрајно.

Исчистете ги чевлите – Истресете ги добро пред да влезете во автомобилот. Снегот, внесен во автомобилот создава повисока влажност. Тогаш прозорците се замаглуваат полесно и тоа е лошо за видливоста. Исто така е полесно е лизгањето при допирањето на педалите со чевли натопени со снег. Тоа е особено опасно при запирање.

Не возете премногу близу до автомобилот пред вас. На патиштата во зима држете поголема дистанца бидејќи патот за зпирање е многу подолг на влажни, снежни или замрзнати патишта. При брзина од 50 км/ч автомобилот на сув пат има просечно околу 14 метри пат за запирање, а на лизгав снег или мраз тој може да порасне за неколкупати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK