За безбедно возење – секогаш држете ги чисти фаровите

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите треба секогаш да ги следат работите на автомобилот, кои се важни во вистински смисол на зборот. Една од потценетите работи се валканите фарови. Тие носат двоен ризик за безбедноста, а не само што можат драстично да го намалат видикот на возачот, но исто така можат да доведат и до опасно заслепување на возачот кој доаѓа од спротивната страна. На ова предупредуваат експеррите за сообраќајни несреќи од осигурителната компанија, Dekra.

Препорачливо е да ги чистите фаровите почесто особено кога површината на патот е влажна и мрсна.
„Валкањето на фаровите на автомобилот се случува постепено. Затоа возачот обично не ги забележува влошените услови на осветленост во видното поле, подолго време. Возачите обично реагираат смо кога фаровите се до пола валкани и светлиносниот опсег е значително намален“, вели Даниел Чакелич, експерт за сообраќајни несреќи во Dekra.

Возењето околу пола час по влажен и вачкан пат е доволно за да се извалкат.
„Со намалена видливост се зголемува ризикот да се препознаат предмети на патот, како што е запрено или возило кое има удрено во нешто или пешаци кои го пресекуваат патот. Станува премногу доцна за да се намали брзината или да се реагира навреме за да се избегне несреќа“, додава Чакелич.

Големиот број на судири на автомобили на учесниците во сообраќајот е друг проблем. Доколку дифузните или прозрачните стакла на фаровите се нечисти, може да се појават непријатени светлосни ефекти, кај кои насочениот „светлосен конус“ на средното светло свети во сите насоки. Тоа може значително да ги заслепи другите учесници во сообраќајот.

„Значи, валканите фарови претставуваат двоен ризик. Особено во моментите кога површината на патот е влажна или валката е потребно да се обрне повеќе внимание на состојбата на фаровите и редовно да се чистат“, вели експертот од Dekra.

Доколку возилото има систем за чистење на фарови, тоа мора да го активира возачот. Во неповолни временски услови системот обебедува поголема видливост, а со тоа и поголема безбедност. Таа треба да работи добро, а резервоарот треба да биде исполнет со доволно течност за перење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK