Возење во такси: Како да се заштитите од ширење на коронавирусот?

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш сте го користеле таксито како главно средство за превоз. Сега во време на пандемија и препораките за одржување на дистанца од луѓето понекогаш морате да го користите повторно. Германскиот автоклуб (ADAC) издаде препораки за возење во такси за време на пандемијата со коронавирусот и добро е да се знат овие корисни информации.

Ризикот од инфекција не може да се избегне стопроцентно, но со неколку совети за хигиена можете да го намалите ризикот. Ако зависите од користење на такси, ADAC ви препорачува посебни правила на однесување.

Ако морате да одите на преглед кај доктор, кој не е поврзан со коронавирусот, препорачливо е однапред да го известите возачот дека немате COVID-19.
Пред излегувањето надвор и седнувањето во автомобил потребно е темелко да ги измиете рацете. За да имате поголема одалеченост од возачот, а и тој од вас, во моментов најдоброто место е десно одзади.

Во текот на патувањето треба да зборувате за заштита од двете страни. Ако имате маска на устата, треба да ја носите. Ако возачот не носи, можете љубезно и мирно да се распрашате дали има маска. Исто така, избегнувајте расправа и комуникација. Се наоѓате во затворен простор во кој треба да направите сè за да се спречи дистрибуцијата на вирусот. За плаќање се препорачуваат картичките. Ако тоа не е можно, а готовината е единствено решение, ADAC советува да се воздржите од земање на метални пари.

Дури и после возењето со такси, брзо и темелно миење на рацете го минимизира ризикот од зараза со коронавирусот.