Во време на пандемијата со COVID-19: Важно за сопствениците на дизел возила (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на автомобили со дизел мотори треба да се придржуваат до одредени правила и тие се особено важни сега кога има пандемија со коронавирусот. Предупредувањата се за оние кои поголем дел од времето ги имаат паркирано своите автомобили или возат побавно на кратки релации.

DPF филтрите на модерните дизел возила функционираа на ист начин. Тие ги собират ситните честички чад кои се последица на согорувањето на горивото во моторот. Кога ќе се собере доволно голема количина филтрите се програмирани во нив да дојде до палење на чадот. Тоа се случува при возење и тој процес е автоматизиран со зголемување на температурата на издувните гасови на влезот во филтерот горат и честичките во него.

Во DPF доаѓа до (само)согорување доколку возилите од 15 до 20 минути во континуитет над 2500 вртежи во минута.

Важно предупредување објави британското здружение на неовластени сервиси (IGM). Тоа им препорача на сопствениците на дизел возила да избегнуват патувања пократки од дваесетина километри за да се избегне гушење на филтерот со чад. Во тие кратки интервали нема да се активира согорување на честички со чад. Ако дојде до гушење, ќе се вклучи сијаличката на иструмент таблата на автомобилот, а во тој случај најдобро е веднаш да го повикате сервисот и во никој случај да не го стартувате автомобилот.

Во сервисот веројатно ќе го регенерираат филтерот, а доколку тоа не биде можно тогаш трошоците можат да бидат високи.