Ви се вклучи сијаличката за гориво – Уште колку има во резервоарот?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се вклучи жолтата сијаличка на инструмент таблата која сугерира дека вашето возило е веќе на резерва, некои возачи ги фаќа паника, а некои едноставно искусно ќе ја исцедат последната капка гориво од резервоарот, што не го препорачуваме бидејќи честото возење на минимум може да доведе до оштетување на пумпата за гориво (не се подмачкува како што треба), но и на филтерот за гориво во кој може да влезат ситни нечистотии или талог од дното на резервоарот.

Сè уште ги има оние кои не се откажуваат од тоа да живеат опасно, на ивица на вклучување на жолтата сијаличка и долевање гориво за ситно. Треба да се биде искрен и да се каже дека не живееме во економско изобилство, па многумина веќе со години го немаат наполнето резервоарот до врв.

Колку автомобилот можеда помине на резерва?

Има многу мерења и истражувања, но само вие знаете колку вашиот автомобил троши во просек, а тоа е најважниот податок. Се претпоставува дека на резерва останува околу пет литри гориво, но до точната количина ќе дојдете на наједноставниот начин. Кога ќе се вклучи резервата, брзо на бензинска пумпа, вложете повеќе пари и наполнете го резервоарот до врв.

Одземете го тој број од капацитетот на резервоарот во фабричките податоци (на пример 55 минус 49). Така ја добивате количината на гориво која ви останува во резервоарот откако ќе се вклучи сијаличката. Погледнете и просечната потрошувачка споредете ја со количината на гориво која ви останува во резервоарот.

Со некои возила ќе поминете повеќе од 70 километри на резерва, со други помалку од 40 километри, а сè зависи и од стилот на возење односно дали возите во град или на автопат. Важно е и каде се троши повеќе гориво или на автопатите со ограничување од 80 км/ч каде ќе бидете најекономични. Сепак, заради ваш мир и безбедност секогаш е добро да се знае колку гориво останува во резервоарот откаок ќе се вклучи жолтата сијаличка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK