Тргнувате на пат – Што треба да имате во автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Многу од автомобилите постојано возат голем дел на непотребни работи. Таквите работи претставуваат голема опасност доколку се случи судир и тие „полетуваат“ низ внатрешноста на автомобилот. Сонцето, олабавените мерки за движење и првиот продолжен викенд многумина ќе го искористат за патување надвор од местото на живеење. Тоа е причина плус да видите, проверите и да ставиме се што ви треба во багажникот.

И секако да ги извадите оние работи што со месеци стојат таму непотребно. Задното седиште и багажникот често се затрупани со работи за плажа од минатото лето, детски играчки и опрема за риболов, заборавени остатоци од последното купување, скара и столчиња за излет од пред месец дека, непотребен алат и обично ѓубре.
Покрај тоа што ви го заземаат местото во автомобилот, вишокот од работите ја прават внатрешноста помалку хигиенска, но и ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејќи автомобилот тежи поради нив. Сепак, најлошо е тоа што таквите работи претставуваат голема опасност доколку се случи судар и тие „полетаат“ низ внатрешноста на автомобилот.

Затоа е важно автомобилот секогаш да го држите уреден, редовно од него да го исфрлате она што е непотребно и тоа да го замените со работи од кои навистина можете да имате корст. Оттаму е добро да се има предвид пописот на рабогтите кои е добро да ги имате секогаш во вашиот автомобил бидејќи можат да ви ја олеснат несаканата ситуација кога ќе дојде до неа.

Кабли за стартување на автомобилот

Вашиот акумулатор може да биде и нов, но никогаш не знаете кога поради ваша грешка ќе се испразни. Покрај каблите и помошта на случајните минувачи и нивните автомобили, брзо и едноставно ќего запалите вашиот автомобил. Во спротивно ќе морате да се фрлите во потрага по кабли или да повикате помош на патот.

Упатство за користење
Секогаш е добро упатството од автомобилот да се најде на своето место во возилото. Во него ќе најдете упатства за тоа како да отстраните некои мали проблеми на автомобилот, што да направите кога некоја сијаличка ќе засвети, како да смените тркало или да досипете течност за стакла.

Тестер за притисок во гумите
Мали евтин алат може да биде корисен кога ќе помислите дека некоја гума попушта. Дури и најновите автомобили со функција за надзор на притисокот така се посигурни дали сè е в ред или не е.

Засилена леплива трака
„Чудотворната“ леплива лента е така добра што во неа постои и некој виц. Ако нешто не можете да го поправите со duct tape, тогаш не може воопшто да се поправи. Со оваа трака лесно ќе закрпите пукнато црево, ќе затворите некој отвор од течноста кога сте го изгубиле приклучокот…

Ракавици
Едноставни платнени работнички ракавици ќе помогнат да не ги извалкате рацете и да ја намалите можноста да се повредите кога ја менувате гумата, проверувате масло или што било под капакот на моторот, под автомобилот…

Апарат за гасење

Сите други би требало да го имаат. Не треба детално да се објаснува зошто. На тој начин може да го спасите својот автомобил или автомобилот на некој друг возач.

Светилка
Таа би требала да се најде во секој автомобил. Ако некаде заглавите среде ноќ, подобро е да се послужите со неа отколку да се троши батеријата од светлото на телефонот.

Џебен алат
Малиот џебен мултифункционален алат нема да ве извлече од сите проблеми, но понекогаш би можел навистина да ви биде од корист околу поправање на малите дефекти или оштетувања на автомобилот.

Шише со вода
Многу е паметно во автомобилот секогаш да имате голема флаша со вода. Никогаш не знаете кога автомобилот може да се расипе или да се нејдете заглавени во „гужвата на векот“.

Ќебе
Ако вашиот автомобил ве изневери среде ноќ и во топлиот дел од годината во него може многу брзо да стане ладно. Едно компактно ќебе не зазема многу место, но може да биде многу корисно.

Чевли/патики за одење
Посебно добар совет за жени кои возат во чевли со високи потпетици (иако тоа нее препорачливо). Во итни случаи ќе би биде многу позгодно да одите два километри во патики отколку во штикли.

Полнач за телефон
Во автомобилот секогаш имајте 12V/USB полнач за мобилен. Може да се изпразни кога е најнезгодно.

Влажни марамици и салфетки
Со нивна помош ќе успеете да исчистите нешто кое се расипало во автомобилот, но исто така и дамки од храна која ви паднала. Сепак, и рацете после некој зафат на автомобилот (смена на гума). Ќе послужи и во многу други ситуации.

Чадор
Компактен чадор не зазема многу место, но ќе ве спаси од изненаден  дожд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK