Треба ли загриженост: Што истекува во зима од ауспухот?

ОБЈАВЕНО НА:

Голем број на возачи на моторни превозни средства веќе добро знаат за што станува збор при оваа тема, но има и такви возачи, кои се чудат каква е течноста, која излегува од ауспухот при студено време и си поставуваат прашање дали тоа е нормално? Тоа е нешто нормално и во многу ретки случаи е знак на дефект на некој од системите на автомобилот.

Тоа се случува главно при студено време и е резултат на разлика во температурата. Откако ќе го изгасите  возилото, внатрешниот дел на издувните гасови се лади доста побавно од надворешниот. Така се појавува влага, која замрзнува, а при стартување на моторот се растопува и излегува од ауспухот во водена состојба.

Во тој случај капките вода, кои излегуваат од ауспухот воопшто не се опасни, нуту за автомобилот ниту за околината. Појавата е карактеристична и за автомобили со катализатори во кои се оксидираат различни хемиски соединенија.

Резултатот е јаглероводороден гас и пареа, кои се кондензираат во внатрешната страна на издувните гасови. Посилната кондензација може да доведе до рѓосување на издувниот систем, но во повеќето случаи рѓата се појавува однадвор односно под дејство на поагресина надворешна средина.

Затоа не треба да има грижи. За навистина сериозни проблеми со моторот може да се суди, ако заедно со кондензацијата излегува и масло или сив или син чад. Во тој случај е неопходна посета на сервис.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK