Tрајноста на плочките на сопирачките во денешно време е значително е намалена поради еколошката природа на материјалот од кој се прават.

Треба ли да се чистат сопирачките?

ОБЈАВЕНО НА:

За да може да функционираат подобро, речиси сите производители препорачуваат чистење на сопирачките на автомобилот барем еднаш годишно. Дали оваа постапка има смисол или, пак, тоа е само уште една работа со која сервисите си наплаќаат од клиентите без некоја посебна потреба?

Искуството покажува дека чистењето на сопирачките може да биде клучно не само за нивната состојба и ефикасност, туку и за животот и здравјето на патниците во автомобилот. Причината е сосема едноставна, нечистотијата, остатоците од реагенсите кои се користат за обработка на патиштата во зима и делови од патот се акумулираат со текот на времето во апаратите и сите подвижни делови.

За неколку години, целиот систем на сопирање може да се покрие со толку дебел и тврд слој од нечистотии. Во најнеочекуваниот момент може да дојде до проблеми, па наваленото тркало да го повлече автомобилот настрана и тоа може да допринесе за губење на контролата на управувањето. Во најчестото сценарио нечистотијата спречува целосно отворање на чекустите. Возачот не го чувствува отпорот и продолжува да вози, а триењето меѓу дискот и рампата се трансформира во топлина.

Блокираните механизми за сопирање се една од најчестите причини за пожар. Тоа најчесто се случува на задните тркала во близина на резервоарот, а тука последиците можат да бидат навистина тешки.

Редовното сервисирање на сопирачките со целосно демонтирање, миење и чистење и кога е потребно и замена на истрошените делови, ја намалува потрошувачката на гориво и го продолжува животот. Меѓутоа уште поважна е безбедноста која не се мери со пари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK