ТОП -10 совети како полесно да патувате со мали деца во автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку се спремате за одмор, а притоа планирате да патувате со автомобил и имате мали деца тогаш е важно да знаете неколку совети кои можат да ви го олеснат патувањата и да ви помогнат многу полесно да пристигнете до саканата дестинација.

Бројните истражувања покажаа дека најмалку 65 проценти од возачите тешко се концентрираат кога во автомобилот имаат мали деца. Оваа бројка расте со должината на патувањето, па кај одредени родители заминувањето на повеќечасовен пат, на пример на летување е вистински предизвик. Уште во текот на планирањето на патувањето размислуваат и за тоа како да се борат со детските палавштини, плачот, физиолошките потреби, барањето на внимание и постојана желба за разговор или поставување на огромен број на прашања.

Медицинските истражувања покажаа дека родителите кои се наоѓаат во функција на возачи се под стрес во текот на долгите патувања со мали деца, а сето тоа резултира со голема опасност од грешки во возење. Често се случува возачот, после падот на концентрација да заборави да уклучи трепкачи, да го провери „мртвиот агол“, не ги следи знаците за ограничување на брзината и патоказите, кочи премногу доцна, излегува од линијата за движење, а во екстремни случаи не го гледа ниту црвеното светло на семафорот.

Значи, таквата состојба на стрес може да биде исклучително опасна за сообрќајот, па е добро да се придржувате до 10-те совети за патување и тоа во најголема можна мера бидејќи смалувањето на ризикот од сообраќајна несреќа е приоритет на секој родител.

ТОП 10 совети за патување со мали деца:

1.Однапред точно испланирајте ја планираната рут по која имате намера да патувате за да можете импровизациите да ги сведете на минимум.

2.Планирајте кратки застанувања, за на периоди да можете да се одморите, растегнете, да се раздвижите и да појдете до тоалет.

3.Обезбедете доволна количина на храна и пијалок бидејќи со зголемувањето на чувството на глад и жед  сите стануваат раздразнети, а и никогаш не може да се биде 100 проценти сигурен дека нема да се наиде на застој во сообраќајот.

4.За децата, особено оние најмалите понесете и некоја играчка. Најдобриот избор е некој предмет со кој инаку сакаат да спијат бидејќи тоа им дава утеха, чувство на сигурност и топлина на семејниот дом.

5.Смислете активности за креативна забава во текот на патувањето. На пример доколку минувате низ подрачје со шума почнете да ги набројувате сите видови на шумски животни.

6.Сите патувајте во удобна облека.

7.Обезбедете и музичка позадина по детски вкус. Тоа можеби ќе ги заинтересира, па можеби и ќе запеете заедно.

8.Таблет, мобилен или нешто слично што може да го емитува најдрагиот цртан филм често е добра мерка за „гаснење на пожарот“ до првото одморалиште.

9.Секој родител најдобро ја знае рутината на своите деца па е мудро да се тргне на патување во период од денот кога спијат бидејќи на тој начин патот ќе им помине побрзо и ќе се намали стресот.

10.Последниот совет е врзан за квалитетното одржување на автомобилот  бидејќи секој дефект што бара чекање на услуга за влечење со расипан автомобил може да се претвори во кошмар.

Среќен пат!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK