Совети: Правилно седење – сигурно возење

ОБЈАВЕНО НА:

Возачот што не седи правилно се чувствува неудобно и побрзо се заморува, му опаѓа концентрацијата и брзината на реакција. Поради тоа е важно да се избере правилната оддалеченост од управувачот и да се намести најоптималната косина на наслонот, бидејќи возењето ќе биде удобно и посигурно.
Многу возачи опуштeно се “закотвуваат” во седиштето не знаејќи дека таква положба не е здрава за ‘рбетот. Почетниците во текот на возење често се пренапнати и седат во грч, е исто така лошо, бидејќи предизвикува болкa во грбот, вратот и рамењата. Возачот кој не седи правилно се чувствува неудобно и побрзо се заморува, му опаѓа концентрацијата и брзината на реакција.

Кај правилното седење ‘рбетот треба со целата должина да биде прилепен за наслонот на седиштето. Важна е оддалеченоста од управувачот. Многу почетници (и жените) седат преблиску, начесто заради верување дека така имаат подобра прегледност во возењето. Од друга страна возачите желни за докажување често се наместени предалеку од управувачот. Вистинската оддалеченост е кога возачот,  е потполно потпрен на наслонот на седиштето, може да ги испружи рацете и да го фати врвот на управувачот. Притоа нозете мора да биде благо свиткани, односно не смеат да бидат ниту преблизу ниту предалеку од педалите.

Кај поскапите автомобили можно е местење на управувачот по висина, што е корисно за местење на оддалеченоста на рацете и нозете. За удобност во возењето важен е и квалитетот на седиштата. Заблуда е дека премногу меките седишта се “здрави” за ‘рбетот, и во правилото дека потврдите помалку заморуваат. Во повеќето постари автомобили седиштата не се анатомски обликувани, и ако се деформирани, тогаш се препорачува ставање на перниче во висината на долниот дел на ‘рбетот, или набавување на пак специјални профилирани облоги.

Местењето на ретровизорите никогаш немојте да го правите додека возите, дури и ако имате електрични команди. Немојте да носите претесна облека, а жените не би требало да возат со чевли со високи потпетици или зашилени врвови.

Важни совети
* пред секое возење наместете го седиштето, наслонот за глава и сите ретровизори
* припијте го телото по целата должина за седиштето, исправете го вратот, а главата наместете ја наслоните
* оддалечете се од управувачот да можете со испружени раце да гофатите врвот на воланот, а со благо свиткани нозе кон педалите
* носете поширока облека од природен материјал и меки обувки
* на секои неколку часа возење направете пауза, прошетајте и направете вежби за “размрдување”.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK