Совети кои многу значат: Како да спречите да ви го украдат возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Инвестирање во аларм, гравирање на стаклата, или едноставно во постар телефон чија батерија држи долго време. Некои од можните начини да се заштитите.

Не постои целосна заштита од кражба на вашето возило, но секако постојат повеќе начини како тоа да се спречи, или во најмала рака оневозможи или пак лесно да се пронајде возилото што некој ви го одземал. Секојдневно се крадат многу возила, а дел од нив тешко или речиси никогаш не се наоѓаат. Поновите возила се почеста мета на крадците, а постарите најчесто завршуваат кај мајсторите на расклопување и препродавање на делови.

Крадците некои возила ги преферираа како „по подобни“ за препродавање, и токму тие се најчеста мета. И тоа најчесто се европски модели, а оние азиските помалку, бидејќи не „држат цена“ на пазарот на половни. Но, секако секое возило е предизвик за крадците.

Алармот е најчесто средство за одвраќање на крадците од вашиот автомобил. И кај алармите постојат „финти“, па подобро е да имате аларм што се приклучува на главната електронска инсталација и се поврзани со електронската блокада. Истиот аларм може да се монтира, па дури и професионалците нема да можат така лесно и брзо да го земат возилото а без да бидат слушнати.

Електронска и електрична блокада. Блокирањето на електричната пумпа на горивото и електричниот стартер се добра идеја ако се вградуваат како дел од алармот, а уште подобро одвоено, како посебен систем. Така крадците ќе имаат полни раце работа, и малку време за работа, па лесно ќе се откажат.

Механичка блокада. Самото поставување на видно место, на пример на управувачот или на рачката на менувачот ќе ги натера крадците брзо да се откажат од вашиот автомобил.

Гравирање на стаклата. Ако автомобилот се краде за препродавање тогаш ова е добра идеја, со гравирање на пример на регистерскиот број, но доколку е за расклопување и за делови, тогаш нем амногу да ви помогне.

Отворање на хуабата на поинаков начин. Намерата на крадците е што побрзо да се отвори хаубата, и со пена од спреј или крпа да се замолкне алармот. Секако тоа значи механичар да го оспособи вашето возило со различен начин на отворање на хаубата. А тоа некогаш е тешко изводливо или многу скапо.

Мобилен телефон на скришно место. Интересна идеја со користење на стар мобилен телефон чија батерија трае долго, особено на мирување. Наполнет и ставен на мирување (да не звони или вибрира), со припејд број, лесно ќе може да значи и наоѓање на автомобилот со помош на полицијата и мобилниот оператор.

Звучно предупредување. Кога се заклучува автомобилто, треба да се чуе препознатливиот сигнал дека сите врати се затворени. Во спротивно задолжително проверете дали некоја врата останала отворена. Крадците кои работат со блокирање на сигналот што оневозможува заклучување се надева дека вие нема да се вратите доколку не го слушнете сигналот, туку само ги видите светлата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK