Совети: Гумата го открива проблемот на подвозјето

ОБЈАВЕНО НА:

Трошењето на гумите е нормална работа и гумите што се трошат побрзо, по правило, подобро „држат“ на пат. Зимските гуми што имаат добри својства на лизгава подлога, побрзо се трошат од универзалните или летни гуми. Трошењето на гумите е и корисно. Според тоа, правовремено се уочуваат неправилностите во суспензијата, управувачкиот механизам и геометријата на тркалата. Поради тоа, имањето нови гуми не значи дека треба веднаш да се купи половното возило.

Така ефикасно се прикрива вистинската состојба на подвозјето. Поради подобра дијагностика, производителите на автомобили веќе десетина години не препорачуваат преместување на гумите и ставање на резервното тркало. По начинот и обликот на трошење може да се утврдат причината или проблемот.

За рамномерно трошење на гумите важен е правилен притисок. Еве некои од примерите што може да значат одредена појава на гумите:

– засилено, рамномерно трошење на двата краја укажува на возење со премал притисок,

– истрошена средина на гумата е последица од возење со преголем притисок во гумите,

– ако едно од тркалата се троши од внатрешната страна, а други од надворешната, се работи за погрешно местење на управувачкиот механизам,

– зголемено трошење на надворешните рабови или на двете предни тркала, укажува на грешка во амортизерите,

– неправилно трошење отстрана укажува на лошо балансирани гуми.

Доколку забележите некои од овие симптоми, автомобилот треба веднаш да го однесете на сервис. Секое доцнење може само да ја влоши ситуацијата и проблемот и да ги зголеми трошоците за поправка. Возење со неправилно истрошени гуми и грешка во суспензијата значи несигурно возење.

Покрај овие објективни, постојат и субјективни причини на трошење, што првенствено зависи од начинот на возење и не укажува на неправилност. Спортско возење забрзано ги троши гумите, особено оние на погонската осовина и на предните тркала. Најзагрозени се надворешните рабови и меките делови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK