Совет за секој возач: Ставете ги летните гуми колку можете побрзо

ОБЈАВЕНО НА:

Поради предизвиците поврзани со СОVID-19, во текот на летната сезона најверојатно доста луѓе ќе користат зимски гуми. Иако на сите им е јасно, сепак, важно е да се одбележи дека зимските гуми не се предвидени за возење на потопло време и поради тоа имаат значително пониско ниво на безбедност од летните. Од производителот на гуми Nоkiаn Tyrеs советуваат да се избегнува доцна смена со летни гуми. Најважниот совет е да ги замените гумите колку можете порано.

„Како краткорочно и привремено решение е дозволиво. Меѓутоа да се користат зимски гуми на подолг временски период, особено во текот на целата пролет, а потоа и во текот на летото, на пример низ целата летна сезона, може да се покаже како сериозна закана за безбедноста. Особено во месеците кога температурите се високи“, вели Мартин Дражич, кој е експерт и продукциски менаџер за Централна Европа во Nоkiаn Tyrеs.

Возењето на автомобил со зимски гуми во текот на пролетта и летото носи неколку ризици. Најголемите ризици се значително подолгиот пат за запирање, промените во стабилноста, а исто така и пониското ниво на прецизност при управувањето. Зимските гуми се направени од помека каучукова смеса, која го гарантира нивното правилно однесување на патот за време на ниски температури и тоа под нулата. При потопло време тие се трошат побрзо и ризикот од аквапланинг при влажна површина се зголемува.

Некои возачи исто така сметаат дека ако успеат да возат во средниот период тоа значи дека можат да ги користат зимските гуми во текот на целата летна сезона. Ова е најчесто среќаваната грешка, која се доближува до преземање на хазардерски ризик.

Дуру и да ги замените гумите на почетокот на летото и тоа е далеку побезбедна варијанта отколку цело лето да возите со зимски гуми. Летните месеци можат да се покажат особено критични во однос на ова.

Кои се ризиците од користење на зимски гуми во текот на летото

– Патот за запирање е над 20% подолг

– Состојбата на гумите е значително полоша

– Управувањето и маневрирањето се значително полоши

– Најголемиот ризик е при возење на влажна побрзина, со оглед на тоа што зимските гуми не се проектирани за брзо ослободување на така големо количество вода, како за време на летните бури, а се создадени да задржат контакт со подлогата за време на снег и дожд, поради тоа има и повисок ризик од аквапланинг.

– Зимските гуми имаат помек каучук, поради што тие ќе се трошат многу побрзо во потопло време

– Во некои држави употребата на зимски гуми во текот на летото може да биде забранета со закон

Совети како да го намалите ризикот, ако ви е наложено времено да користите зимски гуми преку летото

– Ограничете ги патувањата само за најнеопходните потреби

– Ограничете ја брзината поради подолгиот пат за запирање и можните влошени карактеристики за управување

– Одржувајте поголема дистанца за безбедност за време на движењето – барем двапати поголема од обично

– Внимавајте во свиоците, намалувајте ја брзината. Имајте на ум едно, а тоа е дека веројатно и други возачи управуваат автомобили во слична ситуација

– Најдете време за смена на гумите што е можно побрзо

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK