Совет: Во зима пред гасење на автомобилот, испрете ја шофершајбната

ОБЈАВЕНО НА:

Ретко кој возач има навика при завршување со возењето и паркирањето на возилото во зима да ја испере шофершајбната. Затоа треба да се знае една интересна работа и да се применува овој совет.

Зимата носи нови правила, а едно од нив е тоа дека мора засилено да се грижите за вашето возило.

На пример, доколку се најавени ниски температури и замрзнување, а автомобилот не ви е во гаража, кога ќе го паркирате исперете ја шофершајбната. Активирајте ја пумпицата, пуштете ги бришачите и и исчистете го.

Зошто е добро ова? Доколку не го исперете стаклото тогаш на него ќе остане нечистотијата, а често тоа се абразивни честички, кои можат благо да го оштетат стаклото кога наутро ќе го чистите со стругалка за мраз.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK