СОВЕТ: Како да го транспортирате безбедно велосипедот со автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Во време на криза и олабавување на мерките за карантин, велосипедските патувања се неверојатен начин за да излезете и да ја исчистите вашата глава. Често има пореба да ги превезувате велосипедите со автомобил до некое интересно место за возење. Затоа за овој процес е важно да се имаат предвид неколку работи, независно од багажникот кој се користи.

Побарајте помош во случај на сомнеж како да го превезете велосипедот. Нема ништо срамно доколку не сте сигурно. Помошта на експерт во сервис е поевтина отколку нова работа со боја за покрив или за капакот на багажникот од оштетувања при транспорт.

Багажникот за велосипеди треба да се монтира при суво време со оглед на тоа што контактните точки можат лесно да бидат изместени при влажни услови. Контролата за прицврстување е важна, по можност одново и дново пред патување и секој пат кога ќе направите одмор. Возете со умерена брзина и до максимум 120 км/ч на автопат.

Внимавајте на надворешната надградба на велосипедите. Не треба да штрчат повеќе од 40 сантиметри од надворешнот раб на габаритните или задни светла на автомобилот. Во спротивно треба да бидат означени со светло или знаме.

Велосипедите никогаш не треба да бидат заштитени од ветер и снег со прекривка за време на транспорт. Тие не само што го зболемат отпорот на воздух туку и значително ќе го зголемат притисокот на ветерот и можат да ги надминат границите за товар на багажникот.

Отстранете ги додатоците за велосипеди. Сите делови на велосипедот кои можат да се извадат и да испаднат при движење треба да бидат отстранети пред да тргнете. Тука се мисли на пумпа, брзинометар, торба со алат, прикачени светилки, браници и рефлектори. Тие можат да бидат ставени одвоено во автомоблилот за да не предизвикаат штета на автомобилите кои доаѓаат од позадина на патот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK