Сега е време: Совети зошто треба да ги смените зимските со летни гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Откако „луда марта“ замина, во април не би требало да има големи температурни разлики па ќе треба да ги смените зимските гуми ако тоа не сте го сториле досега. Законски до 15 март треба да имате зимски гуми или зимска опрема во возилото, но сега со зголемените температури треба да ги замените „зимските чевли со летни“.

Има повеќе причини зошто треба да ги смените зимските гуми, и секао не се препорачува со нив да возите и на високи температури. Објаснувањето е едноставно: Дали вие во лето носите зимски чевли? Зошто во лето повеќе носите сандали и летни чевли?

Ако треба да купите нови гуми тогаш овие совети ќе ви помогнат. Експертите од Michelin даваат совети на што точно ќе треба да внимавате при промената на гумите од зимски со летни.

Совет 1: Без зимски гуми во текот на летото. Има негативни последици доколку едноставно продолжите да возите со зимски гуми. Тоа се рефлектира на поголемата потрошувачка на гориво на автомобилот, зголеменото трошење на гумите и понекогаш драстично зголемување на должината на кочење. На тој начин истовремено страдаат околината, но и се намалува безбедноста.

Совет 2: Проучете ги тестовите на гуми како водич. Побарајте ги победниците во тековните тестови на гуми од автомобилските списанија и автомобилските клупски организации. Побарајте комбинација од најдобрата километража, ниските вредности на опорност од тркалање и кратки растојанија за запирање. Тие ги карактеризираат премиум гумите.

Совет 3: Забележете ги вредностите на гумите на етикетата. Етикетата за гуми од Европската унија покажува три важни показатели за ефективноста на гумата како ефективност на гориво, контакт со мокра подлога и бучава при возење.

 

Совет 4: Користете ги советите од вулканизерите. Не е потребно и не треба да правите сè сами, кога можете да добиете совет. Сервисните ланци имаат широка понуда од гуми и тука можете да бидете сигурни, дека гумите биле правилно складирани пред монтирањето на вашиот автомобил и тие се навистина нови.

Совет 5: Еден комплет за цела година? ГУми за сите сезони може да имаат поголем смисол за вас. Современите гуми за сите сезони се претставуваат многу подобро и преку лето, а понекогаш обезбедуваат и голема километржа и ако не планирате постојано патувања при високи аплски снежни услови, овие гуми можат да бидат перфектен компромис.

Совет 6: Што се случува со околината? Со купувањето на висококвалитетна гума вие влијаете активно на еколошкиот отпечаток на вашата мобилност. Уверете се исто така дека производителот на гуми први голема инвестиција во зачувувањето на околината и дека со купувањето на неговите продукти исто така помагате за зачувување на истата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK