Работи кои морате да ги поседувате во вашиот автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

И кратките и долгите патувања знаат да бидат доста ризични и да донесат доста проблеми. Со цел да се избегнат односно намалат ваквите ризици во продолжение ве советуваме кои работи да ги поседувате во секое време во вашиот автомобил.

Кутија со алат. Никогаш не се знае кога ќе ви затреба штрафцигер, клуч или клешта. Овие кутија нема да заземат големо место во вашиот багажник, но во многу ситуации може да ви помогне, особено при менувањето на тркало.

Стеги и кабли. Овој додаток може во голема мера да им помогне и на другите возачи, но и самите себеси особено доколку акумулаторот е испразнет поради што не можете да го стартувате возилото.

Повеќенаменско масло. Никогаш не се знае однапред поради што се може да престане да работи вашиот автомобил., особено ако е стар десетици години. Со повеќенаменското масло можете да ги поместите оние шарки, брави и штрафови кои поради изминатото време потешко се поместуваат.

ППА. За вашата безбедност и безбедноста на другите, против пожарниот апарат може многу да помогне во случај

Полнач за мобилен телефон. Кога е најпотребен мобилниот телефон тогаш батеријата најбрзо се празни. За да не се најдете во состојба да немате телефон и интернет поддршка кога е најпотребно (особено при навигација при патување или итни повици), секогаш во автомобилот имајте полнач за телефон.

Америкaнска самолеплива лента. Оваа лента која е формирана од три слоја (полиетилен, ткаенина и облога со лепак) дава голема цврстина и флексибилност. Поради овие карактеристики оваа лента може да биде добредојдена во секои момент. На пример со оваа лента може да се фиксира оштетен ретровизор или некој кабел.

Секако, покрај овие работи тука би ја вброиле и законско пропишаната опрема како што е кутија за прва помош, светилки, ланци, резервно тркало, елек и слично.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK