Пет совети од сервис мајсторите пред почеток на зимата

ОБЈАВЕНО НА:

Официјално зимата доаѓа во декември, но еден месец претходно можно е да има и врнежи од снег. Во меѓувреме потребно е да го подготвите автомобилот за зимските денови. Имате доволно време се да биде „топ-топ“ и да не се грижите за ниските температури.

Замената на летните гуми со зимски не значи дека вашите гуми се веднаш подготвени за студените месеци. Затоа е важно да се имаат предвид некои работи, а петте совети кои ги даваат мајсторите во сервисите ќе помогнат да не се тестира непријатноста во текот на зимата. Исто така е важно и како најдобро да се подготвите за зимските месеци.

1.Фокусирајте се на акумулаторот. Тој треба да биде целосно полн и електролитот да биде во нормален опсег. Покрај тоа се чини дека во багажникот е добро да имате комплет кабли бидејќи дури и најсигурната батерија може да ви создаде проблем во студот.

2.Треба да ги проверите сите ленти и гумени соединенија за микропукнатините. Доколку гумата на некои од нив е напукната подобро е да ја замените бидејќи за време на студот може да имате големи главоболки.

3.Пред замрзнување треба да ја испуштите летната течност од резервоарот и да ставите течност која не замрзнува (зимска течност). Покрај тоа, доколку метлиците на бришачите не го чистат стаклото добро, тогаш е добро да ги замените.

4.Се препорачува да ја проверите работата на ладилникот и нивото на антифриз. Експертите дури советуваат барем еден литар од течноста во автомобил како резерва, во случај да почне да исткува по патот.

5.Проверете го нивото на масло и заменете го, доколку користите масло за сите сезони или сте изминале 10.000 километри со него.