Пет случаи во кои мора да купите нови гуми

ОБЈАВЕНО НА:

Дали конечно ги симнавте зимските гуми од својот автомобил и одлучивте да ги монтирате летните? А што ако се веќе истрошени или оштетени? Како да знаете дека треба да се сменат гумите?

Во случај да имате ваква ситуација со гумите на вашиот автoмобил ви нудиме неколку корисни совети за да знаете дали е време за да набавите нови. Без оглед на сета сила на активните и пасивни системи за безбедност најмногу работите зависат од состојбата на гумите.

Автомобилските гуми не траат вечно, а главните причини за купување на нови се трошење на газечкиот слој, староста и оштетувањето. Препораката вели да се проверува состојбата на гумите барем еднаш неделно. Еднаш месечно треба да се проверува притисокот, длабочината на шарите и да се види дали има некои знаци на пштетување од страна. Ако сте во недоумица, тогаш побарајте помош од стручњак.

Пет причини за смена на гумите

Гумите во некои случаи можат да бидат поправени, но пред каква било поправка мора внимателно да ги провери стручњак за пневматици. Траба да се провери дали има оштетување на конструкцијата или од внатрешната страна на гумата. За да може прецизно да се провери состројбата гумата мора да биде извадена, а тоа се прави само кај вулканизер.

1.Гумата е дупната

Денешните гуми немаа внатрешна гума (tubeless), a тенкиот слој од внатрешната страна овозможува воздухот под притисок (околу 2 бари) да не излага низ самата конструкција. Често се случува кога сте ја дупнале гумата на своето возило, тоа да не го забележите. Најчесто се работи за некое парче кое се наоѓало на патот, а кое го пробива газечкиот слој доколку минете преку него

Тоа може да биде забележано дури после неколку денови или дури неколу недели, а сè што можете да забележите е тоа дека вашата гума го губи притисокот на воздухот. Прегледајте ја сомнителната гума по целиот дел на газечкиот слој, па и нејзината странична површина и внатрешната страна која е насочена кон возилото, доколку можете. Ако забележите предмет забиен во гумата, не го вадете! Отидете на вулканизер бидејќи со вадење на тој предмет би можеле во истиот момент гумата да остане без воздух. Парадокс е, но тој предмет практично спречува воздухот да излезе од гумата.

2.Гумата е истрошена

Според законот гумата не би смеела да има помала длабочина на главните канали на профилот на газечкиот слој од 1,6 мм. На гумите на сите реномирани произведувачи од страна, при врвот кад страничниот дел преминува во газечкиот слој односно на рамниот дел стои ознака TWI (Tread Wear Indicator) и на то место само минете со погледот преку газечкиот слој и ќе најдете мали прагови во главните канали. Тие се со висина од точно 1,6 мм во однос на дното на профилот. Кога газечкиот слој ќе се израмни со таа ознака тогаш гумата е потрошена. Сепак, не чекајте д се истроши до 1,6 мм иако пред законот сте чисти. Во случај на поголем дожд, вашата гума поради плиткиот профил ќе истискува помалку вода, па е можен аквапланинг. Треба да знаете и дека разликата меѓу длабочината на главните жлебови на двете гуми на иста оска не смее да биде поголема од пет милиметри.

3.Гумите покажуваат знаци на стареење

Тешко е да се одреди колку долго гумите можат да бидат користени, а тоа не зависи само од датумот на производство. Гумите кои не се користат многу не мораат да покажуваат знаци на стареење. На животниот век може да влијаат неколку фактори: временските услови, условите за складирање и користење, оптоварување, брзина, притисок, одржување и слично.

Секој од овие параметри може значително да го смени очекуваниот век на траење. Во основа сите гуми кои се прозиведени пред повеќе од десет години треба да бидат заменети со нови, дури и ако се чини дека можат да се користат на основа на нивниот надворешен изглед и ако длабочината на шарата не ја достигнала минималната длабочина на потрошеност.

4.Гумата е оштетена

Тротоар, дупка на патот или тап предмет можат сериозно да ја оштетат гумата. Професионалниот вулканизер мора внимателно да ги испита сите перфорации, парчиња или изобличувања. Само тој или таа моѓат да ви кажат дали може гумата да се поправи. Како општо правило, имајте го на ум тоа дека никогаш не смеете да возите со оштетена гума или со онаа со која сте возеле на „празно“ без советувања со професионалци. Тоа е безбедносно правило бидејќи дури откако професионалецот ќе го симне од работ, тој може да потврди дали има претрпено внатрешни оштетувања.

5.Гумата покажува знаци на неправилно трошење

Ненормална потрошеност на газечкиот слој, која може да се види само на некои места, во средината или на рамената, често е знак за механички проблем со геометријата на автомобилот, суепзнцијата или преносот. Исто така може да биде како резултат на неправилен притисок на воздух во гумите.

Нови гуми – сите четири или само две?

Ако сте сами или вашиот стручњак за гуми процени дека ваѓите гуми го дале своето и одлучите да купите нови евен неколку насоки за смена:

  • секогаш менувајте ги гумите по две или сите четири бидејќи е важно на една оска да бидат апсолутно идентични, од ист бренд, ист дизајн на газечкиот слој, иста димензија, иста ознака (индекси на брзина и оптоварување).

  • секогаш настојувајте да користите димензии кои ги одбрил произведуачот на возилото.
  • секога монтирајте нови гуми на задната оска за да го намалите губитокот на контактот со подлогата, без оглед дали се работи за возило со погон на две или на четири тркала или за возило на заден или преден погон. Губењето на контактот со подлогата многу е тешко да се контролира на задниот дел бидејќи на предната оска секогаш имате волан со кој можете да правите корекции при возењето.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK