Пет грешки кои најчесто се прават при купување половен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува возило кое е веќе користено, тогаш цената не е единственото нешто кое треба да се има предвид. Едноставно кога даден модел е на пазарот со години, стануваат јасни и неговите слаби страни односно таканаречените детски болести, а тоа ја олеснува селекцијата и собирањето на мислења.

Дури и кога се знае што се сака и веќе е направен изборот, купувачот ризикува да дозволи некоја од најчестите грешки при купување на употребувано возило.

Цената не треба секогаш да биде во прв план и секогаш треба да се видат и недостатоците кои ги има посакуваното возило. Затоа е добро да се знаат најчестите грешки кои се прават кога се купува возило од втора рака.

Недоволно средства

Ако не располагате со доволно пари за добар автомобил, кој е веќе користен, подобро е да го одложите купувањето. Заемите и лизингот секогаш се добра варијанта, но со нив доаѓа и ризикот за финансиско тонење. Причината е сосем едноставна.

Кај секое употребувано возило се појавуваат проблеми, а отстранувањето на истите чини пари. Човек кој е во долгови тешко може да ги издржи истите.

Заштеди од техничка експертиза

Пријател кој се разбира и компјутерската дијагностика понекогаш можат да уловат некој проблем при прегледувањето на возилото, но ништо не може да ја замени целосната техничка проверка. Таа не само што ја покажува најточната состојба на возилото туку и со доста голема точност ги прогнозира можните дефекти, што дава и доста добра позиција при пазарувањето со продавачот.

Брза проба

Ако купувате автомобил што ќе го возите во следните пет години, еден круг не е доволен. За точната претстава за техничката состојба е неопходно да се има 20-30 минутно тест возење.

Корисна размена

Ако сакате да го смените возилото со нешто поново, не се „фрлајте“ на првата корисна размена бидејќи продавачот најверојтно цели кон истото. Дури и да знаете, дека на вашето возило нема здраво несто, за други состојбата не изгледа така лошо. Во такви случаи подготвеноста за размена дури и со доплаќање доволно зборува што се обидуват да ви протуркаат. Добро е да се издели повеќе внимание на датумот на објавата и на профилот на продавачот.

Егзотика

Сигурно кога ќе видите Alfa Romeo Brera колената ви се подвиткуваат. Или можеби кога ќе видите Cayenne, кој чини колку нова Dacia? Подобро е навреме да се откажете и тоа уште пред да почнете да се прашувате како да пазарувате во маркет и како да ја платите киријата. Или да купите нов егзотичен и економичен автомобил или при изборот треба да запрете на поедноставен и посигурен стар автомобил. Инаку, ризикувате сериозни финансиски проблеми.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK