Патувате со миленик на одмор: Кои документи ви се потребни за странство

ОБЈАВЕНО НА:

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во моторно возило можат во сообраќај на пат да се превезуваат лица во оној број кој е означен во сообраќајната дозвола, односно во потврдата за регистрација.

Во просторот на возила во кои се врши превоз на лица, забрането е истовремено да се превезуваат и животни. Доколку планирате да го превезувате вашиот миленик, а притоа да избегнете глоба, законот дозволува превоз на животни но само во посебно изработени заштитни кутии.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на законот.

Доколку пат сакате да патувате во странство, тогаш за секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно:

* Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака
* Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или
* Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОIE).

Царинскиот орган дозволува увоз во Република Македонија на домашни миленици кои не се наменети за трговија, без разлика на бројот на единките, доколку Управата за ветеринарство по претходно извршена проверка и преглед на граничниот премин издаде согласност за увоз, односно ветеринарен влезен документ ВВД.

Поврзани вести:

Nissan Rogue Dogue Concept – комфорен превоз за вашето куче

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK