Oва видео ќе ве натера да не користите мобилен додека возите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Употребата на мобилен телефон за време на возење на автомобилите стана многу честа појава, а тоа најчесто е причина за предизвикување на сообраќајни несреќи. Иако со закон е забранета употребата на мобилниот телефон во текот на возењето, сепак, многумина не го почитуваат ова, па дури и тогаш кога не постои потреба.

Надлежните на различни начини се обидуваат да ги предупредат на смртоносните последици поради непочитување на заоконот, но колку успеваат во тоа.

За да можат полесно да дојдат до остварување на целта пред пет години беше објавено видео кое сигурно ќе ве натера, ако ништо друго барем да размислите пред да го користите мобилниот телефон за време на возење.

Само една секунда со мобилниот телефон в рака може да биде причина за голема сообраќајна несреќа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK