Ова го криеја од нас: Топ-10 совети за да заштедите гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Во текот на една година многу од парите се трошат за гориво, па затоа тоа е скапоцено и мора да се мисли добро на заштеда. Особено сега кога цените растат, и секои две недели Регулаторната комисија за енергетина ги кажува цените на горивата, а ние се нервираме. Затоа е добро да се знаат неколку совети околу тоа како да се штеди.

Секогаш е важно да се има предвид дека со неколку мали потези може да се заштеди многу гориво, а веројатно за ова не сте биле свесни. Затоа секогаш на ум треба да се имаат следните десет работи.

Со овие десет совети се сложија и голем број на стручњаци и според нив може да придонесат за да зачувате голем дел од средствата.

Не го полнете резервоарот до врв

Оној момент кога бензинската рачка ќе кликне, вашиот автомобил добил точно онолку гориво колку во него може да има.

Нема потреба рачката да се стисне уште два или трипати за резервоарот сигурно да биде полн. Тоа гориво ќе се разлие и моторот нема да може да до потроши, а вие, сепак, ќе го платите.

Добро затворете го поклопецот од резервоарот

Бензинот ќе испари ако има доток на воздух. Поради лабаво затворен, неисправен и оштетен поклопец годишно испаруваат и до 540 милиони литри гориво. Затоа, добро затворете го поклопецот.

Паркирајте го автомобилот во гаража

Автомобилот треба да биде паркиран во гаража и во лето и во зима. Преку лето гаражата го чува ладе, а во зима топол.

На тој начин нема да трошите гориво за греење на автомобилот, за да може да се стопи мразот од него, ниту, пак, во лето ќе треба да се пушта климата секогаш кога ќе седнете во автомобилот.

Бидете поблизу до сенка

Кога температурите се високи, автомобилот е најдобро да се тргне од сонце бидејќи покрај тоа што се грее поради топлината испаруваат значителни количини на горивото.

Напумпајте ги гумите

Важно е гумите да бидат избалансирани. Неизбалансирани гуми, кои имаат нееднаков и слаб притисок се трошат побрзо и даваат поголем отпор, па моторот мора да работи посилно за да ја одржи саканата брзина.

Гумите кои имаат слаб притисок допринесуваат потрошувачката на горивото да се зголеми за 15 проценти.

Еднаш месечно проверувајте го притисокот на гумите

Притисокот на гумите треба да се мери кога тие се ладни. Идеално време е наутро, кога автомобилот бил во мирување, а гумите ладни.

Одржувајте го моторот

Автомобилот кој нема поминато еко тест или има потрошени и неисправни свеќички може да троши и до 30 проценти повеќе гориво.

Заменете ги воздушните филтери

Внимавајте на воздушните филтери на моторот. Кога на нив ќе се соберат лисја, пајаци и друга нечистотија, потребно е да бидат заменети бидејќи го гушат моторот. Уредни филтери можат да ви заштедат и до 10 проценти гориво.

Секој пат кога менувате масло би било добро да ги смените и воздушните филтери. Отприлика на секои три месеци.

Користете квалитетно масло

Ако употребувате масло кое ви го препорачал произведувачот на автомобилот, можете да заштедите од 1 до 2 проценти на гориво. На одредени е истакнато дека се енергетски подобри бидејќи содржат супстанции кои спречуваат триење.

Не штедете на одржување

Автомобилот ќе работи оптимално доколку оптимално и го одржувате.

И почнете да ги применувате овие совети и ќе видите дека сме имале право.