#Остани дома – ама заклучи го автомобилот! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Препораките за држење на достанца и намалување на социјалните дружења подразбираат што е можно повеќе да се намалат контактите со другите, по можност повеќе да се биде во домот. Но, притоа важно е исто така да знаете дека додека сте вие во домот на сигурно, и вашиот автомобил треба да биде сигурен – заклучен!

Да не заборавате предмети во внатрешноста кои може да изгледаат љубопитно за некој крадец. За разлика од кај нас каде навечер постои полициски час со забрана за движење во други земји се уште постојат само препораки за намалување на движењето. И додека вие сте дома, надвор некои се обидуваат да проверат дали вие нешто сте заборавиле да направите.

Видео снимки од Квински, Илиноис во САД покажуваат дека крадците веќе разработиле шема како да профитираат од оваа ситуација. Камерите за надгледување на куќите покажале како групи на дрски крадци доаѓаат пред неколку куќи, се истовараат од нивните автомобили ирастрчано низ соседството проверуваат кој автомобил е отворен.

За една вечер над 20 автомобили биле украдени на ист начин. Ако не можат да го украдат возилото, тогаш земаат се што може да им изгледа вредно – полнач за телефоон, телефон, очила…

Сега веќе постојат многу начини као дури да се „фати“ сигналот на вашето далечинско. Тоа им овозможува на крадците лесно да го отворат возилото, но и д аго однесат. Едноставен начин, чувајте ги клучевите во некоја метална кутија или нешто што би наликувало на „фарадејев кафез“, така ќе биде онезвоможено да биде пробиен сигналот.

Најсигурно е ако имате сопствена гаража, заклучено…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK