Купувате половен автомобил? Практикувајте ги овие совети

ОБЈАВЕНО НА:

Купувањето половен автомобил знае често да биде тешка и макотрпна работа, а не ретко и горко искуство. На пазарот на половни автомобили, за разлика од новите автомобили, се среќаваме со дилери со секакви намери, со автомобили чија историја во целост не е позната, а продавачот често ни сервира лажни податоци. Од друга страна тука сме и самите ние кои не секогаш знаеме што сакаме што секако е голем проблем при купувањето.

Во продолжение ви прикажуваме неколку совети кои треба да ги практикувате при купувањето на половен автомобил.

Не бидете роб на марка

Пред да започнете со потрага на половно возило, сигурно дека веќе имате стеснет круг во чиј рамки ја започнувате потрагата. Автомобил најчесто се купува слушајќи го срцето, а не разумот што знае да биде голема грешка, особено доколку се купува половен автомобил. Така, често знаеме да започнеме потрага за автомобил од омилената марка при тоа игнорирајќи ги останатите автомобили од останатите марки кои можеби се во многу подобра состојба и се нудат за половна цена.

Барајќи автомобил од само една омилена марка, ние пропуштаме многу други автомобили кои се продаваат во одлична состојба.

Одлучете се што навистина посакувате

Тука пред се мислиме на класата на автомобил. Морате да бидете одлучни за тоа каков тип на автомобил посакувате. Доколку имате потреба од мал градски автомобил кој ќе ви служи за патувања на кратки релации тогаш при разгледувањето на автомобилите строго држете се до автомобилите кои припаѓаат на оваа класа.

Image result for used car buying

Бидете стрпливи

Половните автомобили не се купуваат преку ноќ. Потребно е да се потроши полно време и нерви додека не се најде вистинскиот автомобил за вас. Она што го гледаме на сликите најчесто не е ниту приближно на реалната состојба па оттука не смее да се носат одлуки веднаш без при тоа детално да се разгледа возилото.

Дизел или бензинец?

Ова секако дека е најголемата дилема при купување на автомобил. Секако, не постои некои однапред познат и апсолутно точен одговор. Најпрво е потребно да со поставите себе си прашање колку често годишно ќе го возите односно колку километри планирате да поминете. Ако вашиот одговор е под 15 илјади километри тогаш можете да размислувате за бензинец. Во прилог на ова оди и фактот што бензинецот во правило има помалку скапи поправки додека дизелашите често се продаваат во оној момент кога ќе треба да се извршат скапи поправки.

Image result for used car buying

Приватно лице, дилер или салон?

Ова е уште едно прашање на кое нема универзален одговор. Сите овие типови на продавачи имаат предности и мани. Приватните лица обично знаат само одредени информации за возилото кои во целост не секогаш ти откриваат особено доколку истите може да ја отежнат продажбата. Дилерите најчесто продаваат автомобили од увоз кои и ако имаат добра опрема често може да се посомневаме во нивните точни километри.

Салоните, покрај новите автомобили често продаваат и половни автомобили кои ги добиваат со програмата старо за ново. Обично ова се автомобили кои се добро проверени од продавачот пред истите да бидат заменети за нови, но ова не секогаш значи.

Прв повик

Првиот повик претежно служи за да договорите состанок и да разјасните некои работи кои недостасуваат во самиот оглас. Треба да знаете дека никогаш не треба да се откажувате од огласот и покрај тоа што соговорникот звучи нервозно. Некои луѓе особено не поседуваат продажни вештини па вашето испитување може да предизвика различни мотиви.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK