Кога треба да го мерите притисокот во гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Ако долго сте возеле автомобил и планирате да го проверувате притисокот во гумите најдобро е да го оставите да стои повеќе од два часа. За важноста на гумите на автомобилите и не треба многу да се зборува, но добро е јасно дека тие се еден дел од вашето возило кој има контакст со подлогата и значајно влијаат на перформансите.

Поради тоа советот е дека најмалку еднаш месечно треба да се контролира притисокот во гумите, па дури и ако на прегледот ви се чини дека нивната ситуација е уредна.

Поновите возила имаат и индикатор за промена на притисокот во гумите и доколку истиот е под пропишаниот минимум ќе добиете известување на инструмент таблата. Тоа значи дека ќе треба да ги напумпате а потоа да го исклучите индикаторот.

Уште еден важен совет е дека притисокот во гумите се контролира кога се ладни, ако е можно на вашиот паркинг или во гаража.  Со загревање притисокот во гумите расте па сигурно нема да добиете исправна вредност.

Ако долго сте го возеле автомобилот и планирате да го проверувате притисокот во гурмите, најдобро е да оставите возилото да отстои повеќе од два часа и гумите да се оладат. Секако, многу од вас притисокот во гурмите ќе го мерат на бензинска станица, па затоа тоа направете го што порано и после умерено возење.

Процената е дека гумите се загреваат на работна температура во првите десетина километри. Можете да ги најдете и препорачаните вредности за притисок во гумите во рамки на вратите на автомобилот или во прирачникот за употреба на возилото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK