Како со леснотија да ги симнете налепниците од шофершајбната

ОБЈАВЕНО НА:

Старите налепници на шофершајбните на автомобилите најчесто само пречат, но е тешко да бидат тргнати од истите. Имаат заштита и исклучително цврст лепак, кој на стаклото остава мрсни и крути трагови, што е тешко да бидат отстранети.

При отстранувањето на налепниците има неколку едноставни методи кои може да ви помогнат. Еден од нив е да користите течно средство за перење на прозорци.

Напрскајте ја налепницата, причекатјте малку и обидете се да ја отстраните со брич или жилет. Исто така можете да го направите тоа и со алкохол за чистење. Ако користите брич или жилет правете го тоа внимателно за да не го оштетите стаклото.

Во зима налепницата можете да ја загреете со фен за коса и исто така едноставно да ја симнете, а тука е и универзалниот спреј WD-40. Како и кај течноста за перење на прозорци или алкохолот, намокрете ја налепницата и малку почекајте. Потоа повторно со бричот или жилетот. На крајот исперете го стаклото со детергент или крпа за да не остане дел од мрснотијата.