Како се одразува претовареноста на потрошувачката на гориво?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се работи за долги патувања при кои во повеќето случаи багажниците се доста наполнети не е тајна дека патувајќи со личен автомобил човек може да си дозволи значително повеќе багаж отколку кога патува со автобус. Дали сте знаеле дека, сепак, колку повеќе товар има во просторот за бараж толку повеќе расте потрошувачката на горивото.

Тоа е сосема логично, но всушност многу луѓе сметаат дека зголемувањето на потрошувачката на гориво е незначително мало. Тоа не е сосема така.

При полн багажник (природно сето тоа зависи од тежината на товарот) потрошувачката на гориво може да се зголеми од 15 до 20%, што воопшто не е малку за едно долго патување. Ако имате багаж кутија на покривот, таа исто така ја зголемува потрошувачката.

Дури и да е празна, аеродинамиката на автомобилот се нарушува сериозно и потрошувачката на гориво се зголемува за околу 7%. Тука не е потребно да се зборува за непријатните аеродинамични шумови, кои се слушаат во купето при висока брзина.

Според тоа ако ви претстои долго патување, а сакате тоа да мине со минимална потрошувачка на гориво земете ги само неопходните предмети.