Како е направен и може ли да биде измамен тестерот за алкохол?

ОБЈАВЕНО НА:

Празниците се обично денови кога веројатно се пие најмногу алкохол, а тој е еден од најголемите проблеми за возачите. Има голем број на возачи кои храбро седнуваат зад воланот и кога се под дејство на алкохол.

Притоа секогаш има реална опасност да бидат запрени од полицијата и да мора да одговараат поради кршење на законот. Веќе е добро познато дека за некој да биде уловен како вози под дејство на алкохот треба да биде тестиран од страна на полицијата или народски кажано да „дува“.

За да се избегне таков развој на работите најдобро е да не се седнува зад воланот во алколизирана состојба. Во принцип е добро, секој возач да има сопствен тестер за алкохол, со кој ќе ја провери количината на алкохол во крвта (Blood Alcohol Concentration, BAC) и доколку ги надминува пропишаните норми да одбере друг начин на движење.

Како работи тестерот за алкохол?

Првите апарати за тестирање за алкохол се изработени на почетокот на 40-тите години на минатиот век. Целта била да се олесни работата на полицијата во САД, со оглед на тоа што контролата на крвта и урината не е погодна да биде направена веднаш, а и била противуставна. Со текот на годините доаѓа до модернизирање на тестерите и сега тие го одредуваат BAC за мерењето на количеството на етанол кај издишаниот воздух.

Самиот етанол е мала молекула растворлива во вода, која лесно се апсорбира преку ткивото на стомакот во крвните садови. Со оглед на тоа што се работи за многу нестабилна хемикалија при преминување на крвта во капиларите богата со алкохол во алвеолата на белите дробови испарениот етанол се меша со други гасови. Кога човекот дува во тестерот, инфрацрвениот зрак поминува релевантен примерок на воздух. Во овој случај дел од молекулие на етанол се апсорбират и уредот пресметува концентрација од 100 милиграми етанол во воздухот. Со користење на конверзацискиот фактор, уредот ја претвора количината на етанол во ист крвен волумен и на тој начин се добива резултатот.

Овој резултат во некои држави се зема како доказ за судот за степенот на алкохол во крвта кај возачот. Исто така различно е и дозволеното ниво на алкохол во крвта во различни земји. Ако тој што вози се напил 15 минути пред да го се најде на тест, тогаш задржувањето на алкохолот во устата ќе допринесе за зголемување на ВАС. Зголемен резултат е забележан и кај лицата со проблеми со варењето, како и кај дијабетичарите.

Може ли тестерот да биде измамен?

И покрај доказите за грешки кај тестерите, полицијата продолжува да смета на нив. Затоа и луѓето бараат начини да ги измамат. Има повеќе предлози за тоа, а дел од нив се навистина смешни.

Еден од начините е лижење или шмукање на бакарна паричка, која би требало да го „неутрализира“ алкохолот во устата и значително да дојде до намалување на ВАС. На крајот, сепак, во уредот влегува воздух од белите дробови, а не од устата. Затоа концентрацијата на алкохол во устата не влијае на резултатот.

Грешна логика е и таа која вели дека некои луѓе сметаат дека употребата на зачинета храна или на ментол (освежувач за уста) ќе го замаскира алкохолот во крвта. За жал, тоа исто така не помага на никаков начин, а иронијата во случајот е таа дека користењето дури може и да го зголеми нивото на ВАС во крвта бидејќи могу освежувачи за уста содржат шпирт.

Има и такви кои сметаат дека пушењето на цигара исто така помага, но и ова е далеку од вистината и може само да направи дополнителни проблеми. При пушењето на цигара, шеќерите додадени на тутунот ја формираат хемиската супстација ацеталдехид. Во белите дробови тоа само ќе ги зголеми резултатите од натамошните тестови.

Сепак, постојат начини за тестерот да биде измамен. Меѓу нив е хипервентилација односно побрзо и подлабоко дишење. Бројни испитувања покажаа дека овој метод може да го намали нивото на алкохол во крвта до тој степен да е во границите на нормалата. Успехот во овој случај се должи на фактот што брзото и длабоко дишење ги ослободува белите дробови од резидуалниот воздух отколку кога нормално се диши. Во исто време се зголемува и стапката на обновување на воздухот оставајќи помалку време за продирање на алкохолот.

За ова дејство да биде успешно треба да се направат неколку работи. После силната хипервентилација змете воздух длабокот, а потоа силно и остро издишете. Прекинете да дишите веднаш штом ќе го чуете сигналот од уредот. Секогаш внимавајте прерано да не го пуштите воздухот.

Не е добро да се вози пијан

Единствениот сигурен начин за да избегнте казна е да не возите во алкохолизиана состојба. Дури и да има начин со кој тестерот ќе биде измамен тоа нема да ве спаси од расеаност и забавените реакции, кои се појавуваат после употребата на алкохол. А тоа ве прави опасен на падот, како за вас самите така и за другите учесници во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK