Како да возите на + 40 степени!

ОБЈАВЕНО НА:

Метеоролозите препорачуваат во периодот од 11 до 17 часот без посебна потреба да не се излегува директно на сонце. Надвор температурите се високи, а најдобро место за криење е под домашните еркондишни. Но, што доколку треба да патувате? Како да се однесувате, што да носите, на што да внимавате?

Накратко кажано потребно е да имате исправен автомобил, да бидете одморени, да не брзате, да го испланирате патувањето, да решите дали ќе патувате денски и во текот на ноќта, да внимавате што ќе облечете а климата да ја користите рационално.

Безбедноста е на прво место
Пред да тргнете на патување треба да ја проверите техничката исправност на возилото, особено уредот за управување, сопирачките, пневматичите, системите за ладење. Не треба да се дозволи да има некој скриен проблем што може да ве чини пари, но и многу нерви. Дали имате резервна гума, кутија за прва помош, алат?
Додека патувате треба задолжително да направите и паузи, а не да форсирате сѐ да се извози во еден здив. Пијте доволно течност и безакохолни освежителни пијалоци, зашто ако губите течност тогаш на возачот му се намалува способноста за проценување, и брзината на реагирање, предизвикана од поспаност и умор.

Наспијте се и без брзање
Наспијте се добро пред да тргнете на пат. Избегнувајте да тргнувате веднаш по завршување на работно време, бидејќи организмот е уморен.
Јадете полесна храна – а ако се прејадете ризикувате да ви се спие, но и да имате стомачни проблеми. Пијте доволно вода, а не слатки сокови. Немојте да претерувате со кафе. Тоа е лаксатив и може потоа често да морате да одите во тоалет.
Немојте да престигнувате на места каде тоа не е безбедно, и правете паузи. Најголем број од сообраќајките се токму поради непочитување на ограничувањето на брзината, под дејство на алкохол и поради умор.
Ако загубите време во некој сообраќаен метеж немојте да се обидувате да го надополните со брзо возење.

Облекувате се лесно, но комфорно
Немојте да возите во папучи или апостолки, иако тоа вас ви изгледа нормално. Можно е обувките лесно да ги извадите, а тоа значи и губење концентрација и потешко возење.
Гардеробата треба да биде удобна. Не треба сигурносниот ремен да биде директно на телото, туку треба да имате маичка. Немојте да возите боси, тоа не е безбедно, а може да добиете и казна.
Доколку имате проблем со ременот, и истиот ве стега, најдобро е да ставите парче сингер мешу него и телото. Деца помали од три години мора да се превезуваат во посебни детски седишта.

Преку ден или ноќе – вечна дилема
Доколку е можно избегнувате возење ноќе, иако тогаш има најмалку гужва, особено н аграничните премини. Многумина се решаваат за возење ноќе, со цел да имаат цел ден за на плажа, и бидејќи тогаш децата можат да спијат во автомобилот.
Ноќе прегледност на патиштата е послаба, помали се можностите за застанување, многу ресторани не работат, а може и бензински станици исто.
Возењето преку ден е многу подобро и побезбедно, па уживате во околината да се застане кога ќе посакате.
Добро е да се избегнуваат датуми и денови за кои се знае дека ќе има гужви на патиштата и граничните премини. На пример викедни, денови пред викенд или продолжен викенд, пред некои празници кога се очекува зголемена фреквенција на движење.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK