Имате болка во грбот: Помогнете си – користете едноставни вежби при возење!

ОБЈАВЕНО НА:

Како да возите исправено, а притоа да не го оптоварувате грбот? Советите се: потпирачот на седиштето мора да биде на 100 степени во однос на долниот дел од седиштето (таа положба ги опушта мускулите и дисковите), рацете на управуваот мора да бидат свиткани во лактовите, рамената мора да ви бидат потпрени на седиштето.

Би било идеално работ на седиштето да ви е одалечен два до три сантиметри од коленото, но тоа е тешко да се постигне (освен во возилата во кои се мести долниот дел од седиштето односно се извлекува).

Во тек на долгите возења обидете се благо да ги кренете рамената кон главата и држете ги така некое време околу десет секунди. Тоа ќе ја подобри циркулацијата на крвта.

Во сообраќајниот метеж, кога имате доволно време притиснете со рацете кон плафонот на возилото и држете ги така до шест секунди. Потоа опуштете ги мускулите и длабоко вдишете.

Испружете ги нозете колку можете повеќе и притиснете (секако не на папучата за гас) и затегнете ги мускулите на нозете, исто така околу шест секунди.

Ставете ги рацете зад потпирачот за глава и фатете го. Потоа, одморете ја главата и останете така исто шест секунди.

Ови вежби ќе ви помогнт да се релаксирате кога седите во автомобилот, а советуваат од германскиот иститут Goslar.